Цеца му пееше на кралот на текстилот од Нови Пазар

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ била главна ѕвезда на отворањето на луксузниот хотел во Нови Пазар, а пристигнала на повик на кралот на текстилот Хали Емровиќ, сопственик на овој комплекс, кој со гламурозната забава сакал да го означи почетокот на работењето.

Бизнисменот не ги жалел парите, па на Ражнатовиќ за само еден час колку што настапила ѝ платил 30 000 евра. Инаку, ова е првпат Цеца да настапи во Пазар откако нејзиниот сопруг Аркан бил убиен пред 18 години.

Нејзиното доаѓање се држело во строга тајност, а обезбедувањето било на највисоко ниво.

„Цеца пристигнала околу 21 часот. Пристигнала со свој пријател, а поради неа целиот град бил под силно обезбедување. Неколку луѓе знаеле дека таа ќе настапи, па поканетите се изненадиле кога бендот почнал да ги свири нејзините песни, а таа во тој момент се појавила на вратите. Ја дочекал сопственикот на хотелот со членовите од семејството. Цеца срдечно се поздравила со нив и веднаш се фатила за микрофонот. Била видно расположена и не ја тргала насмевката од своето лице“, вели извор кој присуствувал на настанот.

Тој вели дека на гала-прославата бил и градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац, народниот пратеник од Српската напредна партија, Никола Јоловиќ, како и директорот на болницата во Нови Пазар, Мирсад Џерлек.

„Цеца пеела пред бизнисмени, политичари, правници, градоначалникот, директорите. Фотографирањето било забрането. Сè се одвивало на врно ниво и присутните биле воодушевени од тоа како Цеца ја загреала атмосферата“, вели изворот.

 

Покрај Цеца, на овој настан настапила и Јана Тодоровиќ.

„Јана веднаш штом почнала да пее ја кренала атмосферата на врвно ниво. Сите играле и пееле на нејзините хитови. Цеца веднаш по настапот се вратила за Белград, додека Јана до раните зори ги забавувала гостите“, завршува изворот.

 

 

Scroll to Top