Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека кога ќе погледне назад во минатото, се присетува на моменти за кои се каела и кога погрешила во проценката на некои од луѓето за кои ги сметала за блиски.
„Во текот на многуте години кариера зад себе, можам да кажам дека и јас сум само човек и дека некогаш сум погрешила во проценката на луѓето. Сето тоа го сметам како искуство и лекција повеќе. Но не сум човек кој паѓа во депресија поради тоа. Јас не тагувам за луѓето кои си заминале од мојот живот. Ќе ги паметам по убавите работи, затоа што и поради убавите работи сум се дружела со нив“, изјавила Цеца.
Пејачката вели дека и по три децении минати на сцената, таа е сигурна дека песната „Кукавица“, никогаш нема да излезе од мода.
„Имало и ќе има храбри и оние кои се помалку храбри или кукавици“, изјавила Цеца.