Еден од најдобрите европски судии, Славко Винчиќ, се најде на списокот на уапсени лица во аферата со српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон. Старлетата, заедно со уште три девојки биле уапсени поради сомнение дека учествувале во проституција.
Српската полицијата во координација со нивните колеги од Словенија, откриле голема количина на наркотици и оружје во викендичка во која се организирала забава, на која учествувале Тијана Ајфон, но и Славко Винчиќ.
Словенските медиуми пишуваат дека Славко не бил организатор, туку еден од гостите на забавата. Тамошните медиуми пренесуваат дека тој бил само приведен како сведок, но набзо потоа бил пуштен на слобода.
Медиумите од Словенија во разговор со претседателот на Сојузот на фудбалски судии, Владо Шајн, потврдиле дека Славко бил на забавата, но дека станува збор за несреќна околности и дека тој само се нашол на погрешно место во погрешно време.
Познатиот судија наводно бил во Босна и Херцеговина на деловно патување. Словенскиот арбитар се наоѓа на списокот на најценети арбитри на правдата на Стариот континент, што се гледа и од мечевите кои УЕФА му ги има доделено. Оваа сезона тој ги судеше мечевите со Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Ајакс, Манчестер Сити и други.
Исто така ја делеше и правдата на мечеви на кои играа големи репрезентации.