Српската полиција го уапсила пејачот Слоба Радовановиќ по упаѓањето во кафеана во која тој пеел и покрај забраната за одржување концерти и свирки во Србија. Полицијата во локалот затекла стотина луѓе и сите тие биле идентификувани и пуштени да си одат, пишуваат медиумите.
Кога полицијата влегла во кафеаната, веднаш побарале да се исклучи музиката, а на пејачот му го одзеле микрофонот. Против Радовановиќ, кој се прослави со шоуто „Ѕвездите на Гранд“, неговиот бенд и менаџментот на кафеаната се поднесени прекршочни пријави.
Како што пишуваат српските медиуми, Слоба е приведен и сослушан во полиција во врска со случувањата. Во Србија го осудија неговиот настап, а на социјалните мрежи пишуваат дека се згрозени од неговото несовесно однесување.