Во Јужна Африка е убиен Милан Џуричиќ – Мики, човекот што беше осуден на 30 години затвор поради убиствтото на Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Од 2006 година Џуричиќ бил постојано во бегство. Интерпол сè уште не може да потврди дека станува збор за него, а наведува дека веројатно станува збор за белгиски државјанин што личи на него.
Добросав Гавриќ, Драган (Гаги) Николиќ и Милан Џуричиќ биле главните осомничени за атентатот на Аркан и неговите двајца пријатели. Првиот е осуден на 35 години поради убиство, а вторите двајца на 30 години поради соучесништво. Само Гавриќ ја издржува казната, а другите двајца се во бегство.
Џуричиќ со Добросав Гавриќ од 2002 година, кога излегол од притвор, па сè до изречувањето на пресудата во 2006 година често е забележуван во кафулиња и ресторани во Лозница.
За разлика од него, кој бил добро познат во разни кругови и во Белград, неговиот пријател Џуричиќ по ништо не бил познат, ни препознатлив сè до убиството на Аркан во хотелот „Интерконтинентал“. Џуричиќ во светот на жестоките момци го вовел роднината Драган Николиќ – Гаги, кој бил име во тој свет.
Светлана (Цеца) Ражнатовиќ го препознала Гавриќ како убиец и го плукнала на судењето со зборовите:
„Предавнику, знаеш ли кого предаде, кого уби? Ѓубре!“
По ова, тој бега од Србија во Јужноафриканската Република. Му се губи секаква трага во 2006 година и никој не знае каде е и дали воопшто е жив сè до ден-денес кога стигнала информацијата дека е убиен.