По најавениот концерт во Охрид, Бајага и неговиот бенд „Инструктори“ ќе имаат уште еден концерт во Битола. Тие првпат ќе свират на античкиот локалитет Хераклеја.
„Шоуто навистина оди понатаму“, е новиот слоган на „Авалон“, кој е организатор на концертот. Од таму велат дека по Бора Чорба, кој неодамна ги забавуваше скопјани, музичкото уживање продолжува со Бајага и „Инструктори“.
Публиката по подолго време, повторно ќе може да ужива во безвременски каталог на раритетно убави песни. Тие ќе имаат можност да ги слушнат „Зажмури“, „Са друге стране јастука”, „Кад ходаш”, „Од када тебе волим”, „Плави сафир”, па сè до последните хитови од последниот албум, кој излезе лани, со наслов „Овај свет се мења”.
Бајага лени имаше концерт во септември во Скопје, но според првилата и мерките предвидени за Ковид-19, со помалку публика и со дистанца.