Утрово пукотници во центарот на Белград – доктор пукал во позната актерка, па се застрелал во главата

Докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно.

Во пукотниците што се случиле утрово во Србија околу 4 часот 59-годишниот Срѓан Цветановиќ загинал, а младата актерка Ивана Панзаловиќ (30) е повредена. Немилиот настан се случил на улицата Коста Рацин на Дедиње. Ивана е позната во улогата во серијата „Курсаџии“, а мажот што пукал во неа е угледен пластичен хирург од ВМА.

Докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно. Тој бил оженет со колешка од Воено-медицинската академија. Како што се зборува, неофицијално, од неодамна се развеле поради Ивана.

 

Околу четири часот утрото дошло до расправија меѓу нив, а тогаш докторот пукал на младата актерка. Според првите информации, куршумот ѝ прелетал преку чело. Потоа докторот извршил самоубиство пукајќи си во глава.

Повредената актерка со повреда на главата е пренесена на ВМА. Не е во животна опасност.

 

Scroll to Top