Вдовицата на Тома Здравковиќ сака да ја забрани серијата за сопругот затоа што не добила ни денар

Гордана Здравковиќ, вдовицата на Томa Здравковиќ  одржа  панихида на пејачот по повод 32 години од смртта на Централните гробишта.Таа го критикуваше менаџерот Бане Обрадовиќ дека ја измамил<a
Тврди дека била измамена и украдена по сите можни основи.

„Ме измамија за филмот. Потпишав договор за филмот, кој не го прочитав, па Бане Обрадовиќ направи се во негова корист. Веројатно се беше испланирано, штом не сакаше да потпише. Им верував, не се сомневав во него. Зборував со Бјелогрлиќ и тој вели измамена  си, но не можам да ти помогнам, му платив“, рече Гордана.

Таа најави дека во договор со адвокат ќе го забрани емитувањето на серијата која треба наскоро да почне да се прикажува.

Scroll to Top