Весна Змијанац која со денови се бори со здравствени проблеми денеска треба да биде оперирана, објави српскиот Ало.рс. Таа треба да направи операција на отворено срце на Државната клиника во Белград, а извор близок на Змијанац раскажа за одлука на лекарите кои последниве десетина дена се грижат за нејзиното здравје.
“Докторите на Весна на крајот на минатата недела се обидоа да направат пократка и побезопасна интервенција, но таа не го даде посакуваниот резултат. Оттогаш таа се опоравува дома, а во текот на оваа недела повторно ќе биде примена на клиника каде ќе биде подготвена за денешната операција при што ќе треба да и биде вграден бајпас“, вели близок пријател на фолк пејачката. И додава : Весна е под постојан надзор на лекари и стручни лица. Но, поради поврзани болести со тироидната жлезда, која ја лекувала 15 години, а не сакала да ја оперира, висок крвен притисок, аритмии кои ја мачеле во претходниот период, како и поради течност акумулација во телото и оток, стручниот тим и закажал операција дури кога видел дека е подготвена за таква процедура. Весна имаше и многу висок притисокот, кој мораше да се регилира со лекарства, вели изворот. Нејзината ќерка Николија и дава најголема поддршка. Проблем биле и настапите на фолк пејачката зарди тоа што и отекувале нозете па тоа и правело доплнителен притисок. По операцијата, Весна ќе паузира од музичката сцена.