Во шок сме! Дали тоа миленикот на многу девојки ширум регионот, ќе застане на „лудиот камен“?!
О да, српските медиуми ја пренесоа шокантната вест дека Саша Ковачевиќ се жени, поточно, дека овој викенд пејачот бил во Кикинда, да се вери со својата девојка Зорана Тасовац, со која два месеци е во врска. Така, тој решил да стави точка на својот момачки живот и да се препушти во сериозна и вистинска љубов!
Како што пренесуваат домашните медиуми, наводно, извори блиски до пејачот, Саша е опседнат со Зорана и смета дека таа е љубовта на неговиот живот. „Саша баш е заљубен во Зорана, и таа и него и нејзините родители во Кикинда, каде заедно соопштија дека се вериле. Нејзината мајка Смилја исто така е среќна поради нивната веридба, како и ќерката на Зорана од првиот брак, која Саша ја прифати“, пишуваат медиумите.
Колку ова е точно, и понатаму не се знае, но веруваме дека наскоро ќе добиеме информација од првата рака од Саша лично. Секако, му ја посакуваме целата среќа!