Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, ѝ приреди роденденско изненадување на својата мајка, една недела откако пејачката наполни 47 години. Вчеравечер Анастасија ја одведе Цеца на вчера во познат белградски ресторан, заедно со неколку нивни пријатели. Пред крајот на вечерта, гостите почнаа да ѝ пеат „Среќен роденден“, а келнерите донесоа торта со свеќички. Видеа од изненадувањето Анастастасија сподели на својот Инстаграм.
За потсетување, на роденденот минатата недела Цеца беше сама со синот Вељко, оти двајцата беа во изолација, откако дознаа дека се позитивни на ковид-19. Тогаш пејачката рече дека не ѝ требаат ни прослави ни подароци, оти го добила најубавиот подарок, внукот Жељко.
Пред неколку дена, Цеца дозна дека вториот тест на корона е негативен, а негативен беше и тестот на нејзиниот син. Инаку, ѕвездата се зарази од корона од нејзиниот фризер додека ја средувал за забавата за раѓањето на внукот.