Пејачот Аца Лукас вчера во луксузен ресторан во Белград го ожени синот Лазар. На веселбата стигнаа Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ, а Ацо Пејовиќ иако беше поканет не дојде.
Цеца поради обврските во „Ѕвездите на Гранд“ задоцни, а кога дојде седна до Лукас и заедно го запејаа хитот кој го сними со Драган Којиќ Ќеба, „Во сну љубим медна уста“.
Пееше и Саша Матиќ, кој откри дека на младенците не знаел што да им купи, па им подарил коверт со пари.
„Многу сме блиски. Тоа е таа екипа која интезивно се дружи целото ова време, низ сите овие години. Знаме дека на Ацо му е драго што дојдов, на Лазар, на целото семејство. За подарок подготвив коверт, што да правам кога не знаев што да купам“, рече Матиќ.
За потсетување, Лазар е син на Лукас од неговиот прв брак. Тој вчера се ожени со неговата девојка Ана, a откако се венчаа во црква, ја направија и забавата во ресторан.
Младожениците првиот танц го играа на песна од Аца Лукас, а Лазар подоцна го испеа и хитот на татко му „Кафана на Балкану“.
Медиумите пренесоа дека Ана го земала неговото презиме, додека гостите открија дека според обичаите го згазнала Лазар на почетокот за да се покаже дека во иднина таа ќе биде главна во куќатa.
View this post on Instagram