Пејачката Наташа Беквалац за време на гостувањето во „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ место да одговори на прашањата реши да ги направи сите предизвици кои водителот ѝ ги постави.
Пејачката во мини фустан, откако претходно изеде мешавина на слатка и солена храна, почна да прави склекови во високи потпетици.
Беквалац на тој начин избегна да зборува за сексот и интимните работи од својот живот и да ги расположи сите во публиката.
Пејачката се појави во јавноста во најдобро издание досега и беше видно расположена по подолгата пауза од јавната сцена. Меѓу купот прашања што ѝ ги постави Огњен беше и дали таа сака да биде снимен филм за нејзиниот живот, нешто на што таа одговори потврдно.