Српската пејачка Марија Мирковиќ, поранешна членка на новосадската група „Фрајле“, ја издаде својата прва самостојна песна „Пожури, пожури“.
После осум месеци од напуштањето на групата, таа започна да гради соло кариера, иако и денес, некои од нејзините песни знае да ги сочува само за себе. Текстописец на нејзината нова композиција е Алка Вуица, а спотот е снимен во Венеција во режија на Сандра Михаљевиќ.
„Во прашање е балада, но малку поинаква. Многу го сакам медитеранскиот призвук, медитеранскиот поп. Ова е токму она што го сакав – да биде и медитирански и модерно“, вели Марија.
Освен од првата песна Марија е задоволна и од спотот кој го направија летово, а за снимањето вели дека поминало во одлична атмосфера.
„Малку се забавуваме, малку работевме, малку патувавме“, додава таа. Марија вели дека пред да ја даде некому, решила самата да ја отпее.
„Постојано ја потпевнував, едноставно ми „влезе во уво“ и долго размислував за неа. Алка Вуица ми рече дека е најдобро сама да ја отпеам. Секогаш кога правам песна размислувам за тоа кој најдобро ќе ја изнесе, па така размислувам и кога сум самата во прашање. Дали ќе застам зад песната“, вели таа.
Марија освен за себе во изминатиот период направи песна и за Камби со која настапија на „Дора“, а наскоро излегува и новата насловена „Моја душа“. Работеше со Алка Вуица на нејзиниот нов албум, како и за Мате Гргат, познат по неверојатниот тенор.
Марија по професија е правничка, која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Покрај тоа што свири на гитара, таа е и кантавтор на некои од најпознатите теми на Фрајле, каде членуваше една година.
Во текот на својата музичка кариера има освоено бројни награди, ја освои и фестивалската публика, а ги зазеде и првите места на топ листите, додека албумите на кои стои нејзиниот потпис се меѓу најдобрите во Хрватска и регионот
Фотографии: Борна Хржина