Меѓу поканетите гости на свадбата на ќерката на Пикси, Ања Стојковиќ, се најдоа и најголемите естрадни ѕвезди, меѓу кои Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Александра Пријвоиќ, Нина Бадриќ, Жељко и Јована Јоксимовиќ и многу други.
Се славело со огномет и огромна свадбена торта, а кога Брена запеала, настанало вистинско лудило.
Ќерката на фудбалската југословенска легенда Драган Стојковиќ Пикси, Ања Стојковиќ, вчера во Соборната црква во Белград го изговорила судбоносното „да“ со автомобилистот Хуго Валенте, а гламурозната трета прослава била организирана во елитен белградски ресторан.
По раскошната свадба во Франција, сега Ања и Хуго прослава направија и во Белград. Многумина забaвата во Франција, која се случила на крајот на април, ја прогласија за најгламурозна во српскиот џет-сет.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк: