Лепа Брена го скрши скочниот зглоб на третиот концерт во Арена Загреб. Пејачката по концертот заврши на загрепска клиника, каде и беше оперирана.
Ова многумина потсети на несреќата што ја имаше Брена пред 41 година на концерт. Имено, на 23 март 1983 година, пејачката настапи во Мостар. Пред изведбата на песната „Дама из Лондона“, Брена толку силно ја подигна ногата во воздух што удрила со главата и паднала на подот.
Но, таа брзо стана и продолжи да пее – како ништо да не се случило. Тоа видео се уште често се споделува на социјалните мрежи.
Danas je veliki jubilej, obeležavamo tačno četrdeset godina otkako je Lepa Brena sama sebe šutnula nogom u glavu na koncertu u Mostaru. 🙏 pic.twitter.com/e6cPliaK5d
— Amfetaminolohije parody (@amfetaminolohie) March 23, 2023