Утрово, на две недели пред неговиот концерт во Охрид на „Билјанини Извори“, Лени Кравиц реши да ги изненади охриѓани.
„После сите светски метрополи, како Њујорк, Лондон, Париз, Лос Анџелес.. Лени Кравиц реши својата гитара да ја постави и сред една наша природна убавина – Охридското Езеро“, објави „Авалон продукција“.
Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, Лени Кравиц го носи своето спектакуларно show во Охрид на 4 – ти август на СРЦ Билјанини Извори!
Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.