(Видео) Џумбус со Цеца за првиот роденден на внукот Жељко

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ организираше забава за првиот роденден на нејзиниот внук Жељко. Роденденот го прославија во ресторан во Белград, а темата на забавата беше сафари. На журката имаше многу гости, блиски пријатели и роднини, но и музика во живо. Цеца пееше и ги забавуваше гостите, а на крајот на забавата, Вељко и Богдана со синот ги дувнаа свеќите на тортата на три ката.

На забавата, која српските медиуми ја опишаа како гламурозна, фолк-пејачката воодушеви со изгледот. Цеца носеше розови панталони и корсет, а пред новинарите кажа дека внукот Жељко е облечен во белиот костум со црвена машна-пеперутка, кој неговиот татко Вељко го носел пред 23 години на својот прв роденден.

На роденденот прва стигна сестрата на Вељко, Анастасија, со нејзиното момче Ѓорѓе. Анастасија за новинарите кои беа таму рече дека го сака нејзиниот внук повеќе од сè на светот, но дека сè уште не е подготвена да стане мајка. На журката дојде и Богдан, момчето на Цеца, а тој пак на роденденот ја донесе својата ќерка.

За потсетување, Вељко и неговата сопруга Богдана се венчаа во 2019 година во Храмот Свети Сава, место каде го крстија Жељко во јули минатата година.

 

 

Scroll to Top