Ова друштво излезе со соопштениет каде наведува дека прикажувањето на спотот не е наменет за научни или културни цели:
„Белградската пејачка, објави на 29.11.2016 година спот за својата песна „Мој пекол“. Во сценографијата која е креирана за наведениот спот (режисер: ДаВидео), користени се голем број на препарирани строго заштитени видови на диви птици: орел, змијар, полски еја, ветрушка, jастреб и уште неколку препарати од заштитените диви видови на птици и цицачи (лабуд, чавка, јастреб). На основа на Законот за заштита на природата, јавното излагање строго заштитените диви животни (вклучувајќи и делови од нивните тела), забрането е што се однесува на нивното излагање во јавност, поради профит, стои меѓу останатото во соопштението за јавноста од страна на Друштвото. Истото го осудува секој начин на кршење на Законот, не навлегувајќи во просудувањето за естетстката вредност на ваквите прикази за препарирани диви животни“, се наведува во соопштението.
„Во ситуацијата кога убивањето на диви животни, е желба за трофеј и убедување за нивната наводно голема вредност, општа појава, аранжман во музички спот, како што е овој, можат да се наведе на помислата дека станува збор за дозволена активност. Напротив, препарирањето, конзервацијата, и чувањето на примероци на строго заштитени животни, со што тие стануваат движечки заштитени природни добра, и имаат научно и културно значње, регулирано строго со Законот за заштита на природата (член 93).
Постојат институции за чија надлежност е грижата на ваквите добра. Орнитолозите, како што наведуваат, се надеваат дека овој случај ќе биде примерно и благонавремено разгледан и третиран од страна на инспекциските служби, полицијата и обвинителството“, порачаа од Друштвото за заштита и проучување на птици во Србија.
Еве и за кој спот станува збор: