(ВИДЕО) Еве зошто Јована Јоксимовиќ ДОБИ ОТКАЗ од РТС!

Судејќи по изјавата која водителката ја даде, може да се закључи дека врската со Жељко Јоксимовиќ, ја чинеше работното место од Радио-телевизија Србија.

Јована и Жељко Јоксимовиќ се запознаа во 2008 година, а освен краткиот прекин во врската на самиот почеток, и двата немале поголеми проблеми и скандали.

Јована во тоа време беше вработена на Радио-телевизија Србија, но, многу брзо откако вплови во врска со Жељко престана да работи на РТС.

Иако никогаш не можела да зборува за причините за своето заминување од РТС, сепак дојде време да некои работи се откријат, па Јована тоа сега и го направи. Како што објасни, медиумите во тоа време многу притискаа, што предизвика прекин во соработката со РТС.

„Тоа мене ми направи проблем на работа. Тоа беа седум, осум недели на насловната страна на сите таблоиди. Тоа ми направи голема штета и тоа е една од причините поради која повеќе не сум на РТС“, изјави Јована.

 

 

„Да бидеме целосно искрени. Кога ќе почнат весниците со нешто да ве чепкаат… РТС во тоа време не беше телевизија која нема да има водителка на насловните страни на таблоидите. Иако ние не направивме ништо лошо. Се заљубивме и почнавме да живееме заедно и што е тука проблемот? Не ловеа, не следеа секаде и тоа беше напорно. Јас тогаш воопшто не бев свесна што се случува, зошто сме толку интересни, а ни денеска нема да ни биде јасно зошто весниците се занимаваа со тоа, но јасно е дека луѓето тоа ги интересира. Тоа е навистина голем шок. И денеска е шок. Тоа е така секој ден, било да имаш 25, или 60 години, не беше нималку пријатно“, објасни Јована во емисијата „Од профил“.

Како Јована изгледаше на разговор за работа пред 18 години, погледнете на следниот линк:

 

Scroll to Top