Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се забавуваше по дома додека е во изолација. Тој во својата дневна соба со негов пријател играше тенис. Наместо рекети, користеа тави, а за мрежата послужија столиците.
„Натпреварувањето не прекина“, напиша Ѓоковиќ на снимката на „Инстаграм“.
Ѓоковиќ во моментов се наоаѓа во карантин во градот Марбеља во Шпанија, а престојот по дома тој го искористи на најдобар можен начин да се забавува.