Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон освојувајќи ја 21. Грен слем титула, па се врати во Србија да прослави пред градското собрание, а потоа и во кругот на семејството и најблиските пријатели.
За време на свечениот пречек на кој се собраа десетици илјади навивачи да го поздрават шампионот, во емотивно обраќање од балконот, Ѓоковиќ истакна колку му значи поддршката, најавувајќи нови кампањи за трофеи.
По спектаклот на балконот, Новак прославата ја продолжи во белградски ресторан со своето избрано друштво, сопругата Јелена, братот Ѓорѓе и неговата девојка, а атмосферата ја надополнија пејачот Саша Ковачевиќ и пријателот на Новак и музички продуцент Дамир Хандановиќ.
Хандановиќ во еден момент го отпеа големиот хит на Тома Здравковиќ „За Љиљана“, а Новак воодушевено ги крена рацете и пееше заедно со него. Тенискиот шампион го земе микрофонот и ја отпее „Миљацка“.
Kad završi s tenisom, može i u Zvezde Granda – veliki Novak Đoković #Vimbldon #NovakDjokovic #Nole #NoleFam pic.twitter.com/XHvueoXJ7L
— Strax (@_Strax__) July 11, 2022