Голем број пријатели, колеги познаници и обожаватели, вчера во Хрватскиот народен театар во Загреб се простија од легендарниот музичар и уметник Масимо Савиќ.
Меѓу оние кои пристигнаа беа Сања Долежал, Алка Вуица, Марко Тоља, Владимир Кочиш Зец, Вана, Влатка Покос, Хусеин Хасанефендиќ, Нина Обљен Коржинек и други. На Комеморацијата имаше и книга на жалост во која се запишаа сите од неговото семејство и фанови.
Комеморацијата почна со една од најпопуларните негови песни „Странец во ноќта“.
„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ени и Мирна“, рекоа неговите сопруга и ќерка Ени Кондиќ и Мирна Савиќ.
За потсетување погребот ќе се одржи во вторник, на 3 јануари, во 11 часот на Градските гробишта во Задар.