Српскиот музичар Милош Стојковиќ настапи на Belgrade Music Week со босанската пејачка Џејла Рамовиќ, а во еден момент публиката почна да фрла по нив со шишиња, што го разбесни пејачот.
„Многу селани во публиката што фрлаат работи овде, ја удрија Џејла, сега ме удрија со ова. Како не ви е срам? Треба да ви биде“, рече тој во видео објавено на Тикток, а потоа го отпеаја својот хит.
Инаку, ова не е првпат публиката да фрла предмети по изведувачите на Belgrade Music Week.
Лани на мета беа Бресквица, Војаж, Ема Радујко и други.