Српската пејачка Славица Чуктераш минатата недела заврши на Клинички во Нови Сад откако го повредила окото со капаче од расипан сок. Таа пред неколку дена беше итно хоспитализирана, а сега објави дека се повредила додека ја чистела куќата.
„За време на чистењето на куќата, почнав да собирам шишиња вода и сокови. Еден сок стоеше со денови, знаев дека е расипан, го зедов и отидов во тоалетот да го истурам, но додека го држев шишето само малку го одвртив капачето, а тоа се одби и ме удри во окото. Само седнав на подот. Се обидов да го отворам окото и сè ми се гледаше бело“, рече таа.
Чукетраш рече дека сега се чувствува многу подобро ѝ им се заблагодари на вработените во болницата кои се грижеаа за неа.