(Видео) Карлеуша гола сосе тангата и го крена притисокот на една госпоѓа

By

Српската пејачка Јелена Карлеуша постојано објавува провокативни фотки на социјалните мрежи. Овој пат објави едно видео од летните денови каде носи црна танга костим за капење и собра над 400.000 прегледи за еден ден.

„Зошто луѓето кои не ме следат на Инстаграм постојано се враќаат за да ја гледаат мојата приказна?“, напиша таа под видеото нагласувајќи дека ѝ недостига летото.

А каде е Карлеуша – таму е и драмата.  Ни овој пост не помина глатко откако следеше малку  расправија помеѓу пејачката и една следбеничка.

„Срам да ви е!“, напиша следбеничката во коментар.

„Да ми е срам што се бањам во костим за капење во базен налето? Во што вие се бањате, драга госпоѓо?“, возврати пејачката.

„Ве молам, не морате јавно да го ставате ова. Правете што сакате, не ме интресира“, одговори госпоѓата.

„Како не ве интересира, а јавно ми пишувате навреди? Дали е тоа во ред за жена на ваши години? Зошто ги гледате моите објави?“, повторно возврати Карлеуша.

Пејачката наиде на огромна поддршка од своите фанови, кои остро ја нападнаа госпоѓата. „Аман полека и и крена притисок на госпоѓава“, велат нејзите обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Ќе ви се допадне