Снимка од жена како виси излезена на прозорец за да ги избрише од надворешна страна, ја заледи крвта на многумина. Случката од Србија предизвика лавина реакции и не неверување, пред се, поради опасноста таа да падне од подлогата на која стои.
View this post on Instagram
Снимката е објавена на Инстаграм профилот „serbialive_beograd“. Направена е во елитниот дел на Белград, во населбата наречена „Белград на вода“. Жената излегува на 11 кат, на прозорецот и пребришува прозори.
За многу кратко време видеото привлече големо внимание и огромен број коментари, а сите најмногу се сложија дека нема причина да се изложува на таков ризик.
„Ми се заледи крвта“, е еден од коментарите под видеото.