Српската пејачка Ана Ѓуриќ – Констракта во парк го прослави 44. роденден. Облечена во бело ги пречекала гостите, а потоа со фотографија и порака со која ги повикува луѓето да ѝ испратат подароци.
„Подароци добивам тука, денес од 11:44 до 12:28 часот“, напиша пејачката.
Констракта беше облечена во бело и букет со црвени цвеќиња. Седната на маса ги пречекуваше гостите, случајните минувачи и обожавателите кои се фотографираат со неа.
„Имаше деца, постари луѓе, случајни минувачи, луѓе од јавниот превоз кои доаѓаа да ме посетат. Оваа ситуација траеше 44 минути, на мојот 44. роденден. Денес станав милионер, добив подарок картичка за милион духовни долари од мојот драг колега. Се чувствувам одлично, како милионер, го сакам тоа. Кога ќе добијам подарок што не ми се допаѓа, се принудувам да ми се допадне“, рече Констракта во видеото што го објави на Инстаграм.
Констракта во едно неодамнешно интервју откри дека изминатата година за неа била како да ја удрила комета, па сега работи на пополнување на кратерот, но признава било убаво и многу интензивно.
„Сè уште не знам што се случи. Евровизија навистина ја одбележа мојата претходна година, еуфоријата стивна и сега некако ми одговара и душата ми е полесна“, изјавила Ана Ѓуриќ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram