Саша и Дејан Матиќ важат за популарни пејачи на просторот на поранешна Југославија. Браќата Матиќ пред пристигнувањето во Белград живееле во Дрвар, а од овој град се преселиле во 1985 година.
„Поради тоа што татко им знаеше да работи сѐ, правеше сѐ за тие кога ќе дојдат да не се грижат за ништо. Тие сакаат да доаѓаат овде. Дрвар за нив е посебно место. Тие беа златни деца. Кого и да прашате овде за нив, секој ќе ви го каже тоа“, изјавила Зора, тетката на браќата Матиќ.
За Дејан и Саша зборувала и нивната сестра Ружица.
„Пораснаа како сосема нормални деца, како ништо да не се случило. Возеа велосипед и мотор и секогаш беа интересни. Саша беше добар, тој секогаш слушаше, а Деки беше немирен, па ако постоеше можност да се качи на покривот, ќе се качеше“, вели таа.
Кога морале да го напуштат Дрвар, Саша и Дејан биле тажни.
„Е, тоа беше катастрофа. Цел дел овде плачеше, сите беа во шок кога мораа да си одат. И тие мислам дека до Белград преплакаа“, изјави тетка им Зора.
Во оваа куќа живееле Саша и Дејан Матиќ до 1985 година. Како што се зборува, во оваа куќа повеќе никој не живее.
Целиот прилог за Саша и Дејан Матиќ можете да го видите од 1:03:00 минути на снимката: