(ВИДЕО) Лепа Лукиќ во солзи се збогува од Цуне – „Тој беше моето сонце“

Легендарниот пејач Предраг Цуне Гојковиќ почина на 85 годишна возраст, а колегите се простија од него. Легендата на српската музика Предраг Цуне Гојковиќ почина на 85 годишна возраст, а оваа вест ги растажи многумина од неговите колеги. Лепа беше неутешена, и наведе дека Цуне бил добар човек.

„Јао, не можам да верувам. Тој беше моето сонце! Па, зошто замина… Цуне беше прекрасен човек, предобар. Многу ми е жал, тој беше величина, легенда. Знам дека е сиромашен беше болен, но не знаев дека до толку е лошо“, изјави низ солзи Лепа Лукиќ.

 

Да потсетиме, Цуне беше еден од најдобрите пејачи на народна музика на просторот на поранешна Југославија. Неговите многубројни хитови и ден денес на радо срце се препејуваат.

 

Да потсетиме, како Цуне ја изведе песната „Јаничар“:

Scroll to Top