(Видео) Лука Модриќ расплака девојче во Севиља, откако и го подари дресот

По натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Севиља, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и го подари својот дрес на девојче со хрватско знаме додека стоеше во холот со останатите фанови.

Таа беше забележана од Модриќ, кој на излегување од автобусот ѝ го подари својот дрес, со што предизвика солзи кај неа.

Екипата на Реал Мадрид синоќа дојдоа до трофејот во Купот на Кралот, откако во големото финале ја совладаа Осасуна (2-1), во меч во кој по подолга пауза поради повреда во тимот се врати хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ.

Scroll to Top