(Видео) Марко Кутлиќ, еден од најдобрите млади пејачи во Хрватска, има нова песна

Еден од најдобрите млади пејачи во Хрватска, Марко Кутлиќ, има нова песна, „Полети птицо“. Македонската јавност го запозна како музичар кој е вљубен во песните на Тоше Проески, а ја почитува и македонската историја, особено времето во кое живеел Александар Македонски.

Марко самиот ја напиша музиката, а текстот е на Александар Чубрило, додека спотот го режираше Антонио Давид Перина.

„Различни слушатели различно ќе ја доживеат песната, а убавината на музиката е во тоа што сите се во право. Бегство од вистината, ослободување емоции, соочување со пораз, простување и нов почеток се мотивите кои се испреплетуваат низ неа, но и силната порака за слободата на човекот. Ме радува што оваа песна ќе стане дел од мојот репертоар, затоа што на своите настапи изведувам обработки од сличен сензибилитет“, вели Марко.

Покрај хрватскиот музичар во видеото се појавува и Тена Белчиќ.

„Атмосферата во видеото и одличната глума на Тена совршено отсликуваат лепеза од меланхолични емоции кои ги носат мелодијата и текстот. Морам да ја пофалам целата екипа која работеше на видеото и песната затоа што навистина се потрудија и направија одлична работа“, додава Марко, кој последните години доби и неколку признанија за својата работа.

Фото: Силвиа Мариа Франов

Scroll to Top