(Видео) Маж истрча на бината на концерт на Северина, реагираше обезбедувањето

Снимка од концертот на Северина во Карловац, направена во моментот кога маж истрча на сцената и почна да танцува со неа, стана вирална на „Тик Ток“.

Обезбедувањето веднаш реагирало и се обидело да го тргне од бината, но Северина ги спречила. „Пуштете го, тој е одличен“, рече таа во микрофонот.

@pavlashian #severina #karlovac #koncert ♬ original sound – Leone Pavlashian

Мажот продолжи да танцува со неа, на воодушевување на публиката. Набрзо беше откриено дека се работи за Лео Павлачиќ, познат на пошироката јавност по тоа што се натпреваруваше во шоуто X Factor во 2015 година.

Scroll to Top