(Видео) MC Стојан приведен од полицијата во Хрватска

Српскиот пејач Марко Стојковиќ, попознат како MC Стојан, пред два дена бил приведен на граничниот премин Бајаково, што подоцна го потврди и хрватската полиција, пренесува Индекс.хр.

Тоа беше веќе трето апсење на популарниот фолкер во Хрватска, откако во 2017 година беше приведен на Макарска кога учествуваше во тепачка, потоа во април годинава и на преминот Бајаково. Тој беше снимен пред два дена, во станица како се фали со својот скап ролекс.

Подоцна полицијата открила дека тој бил приведен поради пребрзо возење, што било констатирано од надзорна камера, а по извршената проверка бил пуштен од Хрватска.

Се чини дека пејачот го живее она што го промовира во своите песни, а тоа се луксузни возила и скапи работи, исто како и повеќето фолкери на сцената.

Scroll to Top