Актерката Даниела Штајнфелд, која се прослави со улогата на Мариола во српскиот филм „Ивкова слава“, била силувана кога имала 21 година. Таа неодамна го сними документарецот „Држете ме цврсто“, во кој првпат прозборе за траумите од минатото. Откри дека по силувањето се преселила во Америка „за да избега од пеколот што едвај го преживеала“ и дека ја силувал моќен човек од српската филмска индустрија, но не го кажа неговото име.
Кога била силувана, таа се плашела да раскаже што ѝ се случило, а вели и дека многу се плашела за безбедноста на семејството.
„По силувањето, му се доверив само во мојот лаптоп. Снимав мали видеа кои завршија во документарен филм. Тие денес се скапоцен тестамент, затоа што покажуваат како жртвата се чувствува по злоставувањето“, вели глумицата.
Даниела неодамна го презентираше документарниот филм на Сараевскиот филмски фестивал, а во филмот таа интервјуира жртви на силување, но и насилниците, а и самата ја раскажува својата приказна.
„Имав идеја да направам филм за последиците од силување и сексуална злоупотреба од гледна точка на жртвата и лицата кои го извршиле злосторството. Кога го погледнав сировиот материјал, бев охрабрена и во последен момент решив да ја споделам и мојата приказна“, вели Даниела за „Варајати“.
Откако дошла во Америка, таа имала проблем со посттрауматско стресно нарушување, но закрепнувала со помош на пријателите.
„Бев изненадена од фактот дека она што ќе зборувам е всушност почеток да бидам во ред. Тоа е лек. Тоа беше големо откритие за мене“, вели таа.
По „Ивкова слава“, Даниела играше во серијалот „Ранетиот орел“, каде што ја глумеше Донка, а се појави и во сериите „Она наше што некогаш беше“ и „Ќе се вратат штрковите“.