(Видео) Мешав хероин со ЛСД и не се каам поради тоа, открива Тифа од „Бјело дугме“

Поранешниот член на групата „Бјело дугме“, Младен Војичиќ Тифа, во видео кое се појави на социјалните мрежи зборува за тоа какви дроги користел во минатото. Тој во видеото зборува дека пиел алкохол и консумирал дрога за да се чувствува добро.

„Никогаш не се каам за ниту една моја постапка. Јас мешав хероин со ЛСД. Знам дека има само еден живот. Во мојот случај, многу е важно да правам се од срце. Штом почнеш да го користиш мозокот, тогаш калкулираш, а јас правам се спонтано и рефлексно“, изјавил музичарот.

Иако интервјуто е старо неколку години, стана стана хит на интернет, при што Тифа признава дека може да се справи со мешање на различни супстанции додаде дека ниту еднаш не зажалил што земал дрога.

Но на неговите фанови ваквата изјава на Тифа не им се допаднала. Па дел од коментарите се каков пример тоа за младата популација.

„Искрено од негова страна, но треба да нагласи во интервјуто за своите фанови и да ги предупреди дека тоа е многу лошо“, „Грешевте и сега грешите“, се само дел од коментарите.


@tvbalkaninfo Veliko poštovanje za našeg Tifu! #balkaninfo #aleksandarpavkovic #mladenvojicic #tifa #kafana #splavovi #provod #bijelodugme #exyurock #srbija ♬ original sound – tvbalkaninfo

Scroll to Top