(Видео) Милош Биковиќ го победи Том Круз, прв сними филм во вселената

Српскиот актер Милош Биковиќ ќе ја има главната улога во рускиот филм „Предизвик“ чија премиера ќе се случи на 12 април, во режија на Клим Шипенко.

Руски астронаут стациониран на Меѓународната вселенска станица е во критична состојба, но не постои можност да се врати на Земјата за да оди на операција. И затоа врвниот доктор хирург Жења, кој го игра руската актерка Јулија Перезилд, тргнува во вселената да оперира астронаут. За разлика од Перезилдова, тој астронаут не го игра актер, туку вистински космонаут Олег Новицки.

И така започнува заплетот на филмот „Предизвик“, во кој една од улогите, онаа на Владислав Николајев, ја толкува српскиот актер Милош Биковиќ.

Со реализација на овој филм Русија го победи Холивуд, бидејќи, уште во 2020 година, НАСА објави дека холивудскиот актер Том Круз ќе снима делови од филмот на американската вселенска станица под режисерската палка на Даг Лиман. Но тие планови се искомплицираа, Роскосмос го искористи вакуумот и најави дека благодарение на нив ќе се снима првиот филм во вселената. Филмската екипа постави нови граници во светот на шоу-бизнисот.

Перезилдова, една од најпопуларните руски актерки која има глумено во повеќе од 30 руски филмови, беше избрана за главна улога откако Роскосмос организираше аудиција во 2020 година. Покрај аудицијата, актерите мораа да поминат и опсежни медицински, психолошки и физички тестови за снимањето, а за Перезилдова и Шипенка бил организиран интензивен тренинг пред да заминат во вселената.

Овој филм е снимен во есента 2021 година, односно пред да започне руската инвазија на Украина.

Само неколку месеци по снимањето на филмот на Меѓународната вселенска станица, Русија ја нападна Украина и во јули минатата година објави дека планира да ја напушти станицата. И НАСА и Русија заеднички управуваат со оваа станица.

Јуриј Борисов, новоименуваниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, кој стоеше зад најдолгиот филм во вселената, на средбата со претседателот Владимир Путин нагласи дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон своите партнери на Меѓународната вселенска станица пред да го напушти проектот во 2024 година.

 

Scroll to Top