Пејачот Милош Бојаниќ пред неколку години го купи омилениот автомобил на Тито, „пикард“ од 1948 година, и сам го реставрираше три години.
„Ги реставрирав деловите и изгледаат како да се нови. Сè ми дојде од Америка и дел од Херцеговина. Секоја матица е обновена, јас работев на тоа континуирано една година, а вкупно три години, колку што траеше целиот процес“, рекол Милош.
Фолк-пејачот го реставрирал автомобилот во неговата работилница во Нови Сад, а сега повремено го вози.