(Видео) Нада Топчагиќ го изненади Ибрахимовиќ за роденденот, му ја пееше „Јутро је“ среде Милано

Фудбалерот на „Милан“, Златан Ибрахимовиќ, вчеравечер направи гламурозна забава за 40. роденден во елитен хотел во Милано, а на забавата му пееше Нада Топчагиќ. Златан на роденденот дојде последен и во моментот кога влезе во хотелот, Нада му ја запеа „Јутро је“. Српската пејачка беше роденденско изненадување за Златан, кој не крие дека ја обожава. Затоа пријателите на фудбалерот ја поканиле да дојде во Милано и да му пее на забавата.

„На роденден кај мојот драг Златан Ибрахимовиќ. Гори Милано со ‘Јутро је’“. Кралицата е на лице место“, напиша Топчагиќ и објави слика со Ибрахимовиќ и нејзиниот маж Златко Ѓорѓевиќ. Таа објави слика и со Пол Погба и напиша дека наскоро ќе сподели многу детали со фановите.

За потсетување, Златан лани често објавуваше видеа како се журка со „Јутро је“. А кога беше домаќин на Сан Ремо, организаторите му ја пуштаа песната секогаш кога тој излегуваше на сцената.

Ибрахимовиќ пред неколку дена се пофали дека за роденден си купил „ферари спајдер“ од половина милион евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Micalusi (@johnnymicalusi)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Scroll to Top