Пејачката Наташа Беквалац, која веќе некое време прави пауза од музиката и свирките, рече дека наскоро ќе отвори засолниште за кучиња. Таа објави видео од нејзините три миленици кои ги чува со ќерките. Покрај пудлицита Лана и Мишко, од неодамна тие посвоиле уште едно куче.
„Никој не сакаше да го посвои, па го зедовме ние, најмногу заради Катја. Наскоро официјално ќе имаме засолниште за кучиња. Тоа е сè што имам да кажам засега“, рече Наташа, која има фарма со вила и која сака истата да ја искористи за да ги чува животните.