(ВИДЕО) Невидена царица – На Лепа Брена среде настап во Охрид и „пукна“ фустанот!

Најголеата ѕвезда на поранешна Југославија имаше мал пех на настапот во Македонија.

Фолк ѕвездата Лепа Брена, веќе неколку милиони пати докажа дека е вистинска дама, и дека нема проблем ни со паѓањето на бина, ни со шегата на своја сметка, ни со што било друго, дури и кога е во прашање публиката од неколку илјади луѓе.

Брена неодамна настапи во Охрид, каде одлично си помина, а за настапот и престојот кај нас, ги извести и своите фанови на Инстаграм, каде инаку е доста активна.
Но, повторно се случи еден мал пех. Имено, фолк ѕвездата, како што се чини не примети дека за време на настапот, фустанот попушти по страните, и тоа под левата рака, што на снимката која ја објави, јасно се гледа.

 

Фановите, веднаш ја приметија „дупката“, а погледнете како тоа изгледаше додека пееше Брена, и тоа баш на големиот хит „Дама од Лондон“.

 

 

 

И кој може да и замери, кога направи фантастична атмосфера и уште еднаш покажа дека е вистинка дама… Сепак една е Брена!

 

Scroll to Top