Вчера се навршија 8 години од трагичната смрт на српската пејачка Ксенија Пајчин, која беше убиена од нејзиното момче Филип Каписода. На нејзиниот гроб . вчера, дојде Горан Стоичевиѓ-Карамела, кој не можеше да го сокрие разочарувањето дека никој од нејзините колеги не дојде да ја одбележи годишницата од нејзната смрт.
„Поминаа осум години одкако таа умре и јас секогаш ќе се сеќавам на неа. Доаѓам овде и на нејзиниот роденеден, на 3 декември и на годишницата од смртта, кога ѕверски беше убиена. Ксенија имаше многу колеги, ама никој не доаѓа на гробот , ама тоа е нивни проблем. Тие што ја сакаат ќе дојдат на гробот, ама ретко кој доаѓа, освен мене, кумот нејзин и семесјтвото“, рекол за Ало , Карамела.
Кратко по него на гробот стигнале и нејзиниот најдобар пријател и кум , поснаиот стилист Дане Девиќ.
„Мене овој датум ме боли, ми буди лош спомен и празнина во душата’, изјавил Девиќ.