(Видео) Никола Јокиќ го запозна Кевин Харт и ги насмеа сите со изјавата: Мислев дека си нечие дете

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој игра во НБА за Денвер Нагетс, се сретна со американскиот комичар и актер Кевин Харт, кој учествуваше на Ол-стар викендот.

Актерот кој е висок околу 160 сантиметри разговарал со Јокиќ кој е висок 211 ​​сантиметри.

Јокиќ на шега му рекол: „Извини, мислев дека си нечие дете“.

Харт повеќе пати му повтори: „Не се смеј“.

Јокиќ не е единствениот кој се пошегува на сметка на висината на Харт. Кевин Дурент се насмеа кога Харт застана до Шекил О’Нил на Ол-стар натпреварот, а микрофоните го снимија она што тој го кажува.

Scroll to Top