Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ искористи малку слободно време да се опушти пред осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Тој отиде на забава организирана за тенисерите и излезе на сцената маскиран во познатиот рапер Снуп Дог.
Новак ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети, а вечерта пред нивната пресметка играчите се опуштија во кафеана во градот.
Ѓоковиќ се појави на сцената во ритамот на популарната песна на Снуп Дог со д-р Дре, „The next episode“, облечен исто како американски музичар.
Ги насмеа сите присутни, а набрзо на сцената му се придружија и колегите.
View this post on Instagram