Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во разговор со професорот и доктор Драган Иванов, специјалист по интерна медицина и професор на Високата школа за образование и педагог во Нови Сад, истакна дека не јаде и по 16 часа дневно. Ѓоковиќ објасни дека за тоа време пие само вода.
„Би сакал да ја допрам темата за аутофагија. Колку е важен тој вид на пост. 16 часа не се јаде ништо, а осум часа потоа можете да јадете. Тоа и јас го применувам. Почувствував, колку во последните година дена тоа го подобрува мојот систем за варање. Од тогаш подобро спијам и имам повеќе енергија“, изјавил Ѓоковиќ.
Професорот Иванов го истакна значењето на овошјето, оревите, интегралните житарки и другите видови на квалитетна храна.
„Вие отворате некои теми кои се приказна самите за себе. Важно е кој вид на храна ја конзумираме, колку јадеме и кога јадеме, но и кога не јадеме. За доручек јадеме јагленохидрати. Постојат приказни дека овошјето не треба да се јаде наутро. Тоа е грешка. Веднаш по изгревањето на Сонцето, ние лачиме инсулин, а тој сака јагленохидрати. Доручекот треба да биде количински најголем. За ручек треба да внесуваме протеини. Во два часот попладне јадеме протеини кои треба да ги конзумирале за ручек. Тие мораат да го чекаат таканаречениот „портир“ на мускулните клетки. Тој „портир“, е хормонот на раст, кој се лачи во периодот на заоѓањето на Сонцето. Тој во текот на ноќта, ги внесува тие аминокиселини во мускулите и другите органи“, изјавил професорот.
Иванов здравиот режим на исхрана тоа го објаснува подетално.
„Од 12 часот попладне, до 16 часот треба да гладуваме. Докажано е дека во нашиот организам се активира еден процес, кој еден Нобеловец, Јапонецот Јошинори Осуми, го нарекол аутофагија. Тоа е процек кој има исцелителско дејство на целиот наш организам, на нашите емоции, нашата душа и тело и има превентивно дејтство. Ако ништо не конзумираме 12. часа, нашиот мозок гледа каде може да пронајде некоја резерва. Тогаш ќе најде некои микроорганизми, патогени бактерии и ги рециклира, а потоа наоѓа и некоја мутирана клетка и од разградениот материјал, создава екстра енергија. Тоа ни дава дополнително гориво, затоа што сме имале клетки и структури кои ни биле нефункционални. Тие клетки се земаат за создавање на нови млади, здрави клетки. Ако ручаме во два или три часот попладне, тогаш во периодот од 2 до 3 часот по полноќ, се активира аутофагијата и таа го чисти нашиот организам од микроорганизми, артеросклеротски наслаги на ѕидовите на крвните садови од малигните клетки. Таа ни го чисти организмот и го подготвува горивото за следниот ден. Но, мора да минат 12 до 16 часа. Ако организмот ни е истрениран, ќе ни треба помалку време. Ќе ни требаат на почеток 16 часа, па потоа ќе се спушти времето на 12 часа. Важно е да се знае кога аутофагијата треба да се активира. Таа мора да се активира ноќта. Кога се лачи хормонот на раст и хормонот мелатонин. Не е добро ако јадеме ноќе, а очекуваме аутофагијата да се вклучи во текот на денот. Може, но прашање е колку ќе биде ефикасна“, вели Иванов.