(Видео) „Дајте вина, хочу лом“, премиерот Ковачевски се опушти во Белград

Премиерот Димитар Ковачевски по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино, заедно со домаќинот, српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и други беа на вечера во ресторан во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ објави видео од ресторанот каде заедно со Ковачевски и Милатовиќ ја отпеаја песната „Дајте вина, хочу лом“.

Во опуштена и позитивна атмосфера, со кренати чаши, Ковачевски Вучиќ и Милатовиќ ја пееја „Дајте вино хочу лом“.

„Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија!“, напиша Вучиќ.

Scroll to Top