Српската пејачка Марија Шерифовиќ вчера одржа голем концерт во белградската Штарк арена. Во публиката имаше голем број колеги и пријатели од јавниот живот, меѓу кои Јелена Карлеуша, Јелена Томашевиќ, Ана Бекута, Иван Босиљчиќ, Адил и многу други.
Но, на сцената освен Марија, најголеми овации предизвика заедничкиот настап на Шерифовиќ и на Лепа Брена. За да ја претстави пред публиката, Марија го испеа нејзиниот голем хит „Evo, zima će“, а потоа со Брена заедно ја испеа „Imam pesmu da vam pevam“.
Марија на концертот рече дека таа е најсреќното дете на цел свет, оти секој човек има седум минути среќа, а таа своите 7 минути ги искористила додека пеела заедно со Брена. Таа пред преполната Арена ја испеа и песната „Молитва“, прв пат по 11 години заедно со девојките од „Бјути квинс“ кои пееја со неа кога победи на Евровизија во Хелсинки во 2007 година.