(Видео) Пред семејната куќа на Балашевиќ во Нови Сад сопругата Оливера промовираше песна и љубовна поезија од славниот музичар

Вчеравечер на улицата „Јован Цвијиќ“ бр. 33 во Нови Сад, пред семејната куќа на Ѓорѓе Балашевиќ, семејството на легендарниот музичар ја промовираше песната „Роденденска“, посветена на неговата сопруга Оливера. Ова е љубовна балада што Балашевиќ ја снимил пред неговата смрт, но никогаш не ја испеа во јавноста.

Семејството ја промовираше и книгата поезија „Допир на свилата“, а на промоцијата што се одржа пред нивниот дом, беа поканите соседите, пријателите и луѓе што го почитуваа неговото творештво. Новата книга содржи необјавени песни, но и писма што си ги испраќале Ѓорѓе и Оливера.

Сопругата на Балашевиќ, заедно со нивните три деца, Алекса, Јована и Јелена на присутните им раскажаа свои спомени поврзани со Ѓорѓе, а потоа тамбураши ги пееја неговите песни.

Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари 2021 година од корона, на 67 години.

Scroll to Top