(Видео) Рада Манојловиќ раскрвавена на концерт ѝ даваа прва помош

Српската пејачка Рада Манојловиќ доживеа незгода за време на настапот на фестивалот „Врањечка музичка ноќ“ во Врањечка Бања во Србија. Таа настапи на сцена пред 20.000 луѓе, а уште на почетокот си го повреди коленото.

Извор близок до неа рече дека ги раскрварела двете колена и дека ѝ требало итна лекарска помош, пренесоа медиумите.

„Мислевме дека ги скрши двете нозе, со оглед на тоа колку крв имаше на сцената. Рада падна на бината и сите испаничија, но таа не се исплаши. Само седеше мирно пред бината“, рече изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)

„Организаторите одма реагирале и повикаа итна помош која стигна многу брзо. Лекарите ја прегледаа и ѝ ги санираа раните. За целото тоа време Рада не покажуваше дека е вознемирена, па дури на моменти се шегуваше. На крајот како вистински професионалец го одржа настапот“, рече изворот.

Пејачката тешко се движеше и цело време се држеше за лицата од обезбедувањето. На лице место стигна и екипата од Итна помош. За потсетување, Рада на фестивалот ја доби наградата за пејачка на годината, а по незгодата постојано беше насмеана и ја веселеше публиката.

Scroll to Top