Актерот Раде Шербеџија им се придружи на големиот број луѓе кои ги коментираат протестите во Србија. Тој на Инстаграм објави видео во кое им изразува поддршка на студентите во Србија кои бараат правда за трагедијата на железничката станица во Нови Сад.
„По овие протести на молк, вашиот протест, драги деца, сите мои концерти ги започнувам со молк. Почнувам со реченицата на Крлежа што ја напиша по студентската револуција во 1968 година“.
„Јас деца молчам заедно со вас, молчам затоа што ве поддржувам во ова. Ова е ваше време и имате право да го објасните за некоја подобра иднина што ви припаѓа и немам што друго да ви кажам освен да ве поддржувам со целото мое срце. Не само јас, туку сите нормални луѓе. Не се давај младост моја“, заклучил актерот.